Салафистите ги уништија древните цртежи врз карпите на мароканските планини Атлас, стари повеќе од 8000. години, а на кои беше прикажано Сонцето како паганско божество, соопшти денеска локалната група за човекови права.
„Овие камени прикази на Сонцето се стари повеќе од 8000. години, а уништени се пред неколку дена“, изјави член на Берберската лига за човекови права, Абабукр Ангирза.
Тој кажа дека станува збор за добро познат археолошки локалитет оддалечен 20. километри од планината Тубкал.
„Во тој регион се активни неколку салафистички групи и ова не е прв пат да се унипштува предисламското наследство. Го известивме министерството за култура, но сеуште не добивме одговор“, рече Ангир.
Салафисти се муслимани кои ја застапуваат тврдокорната сунитска интерпретација на исламот како таа во Саудиска Арабија која строго забранува „идолопоклонство“, а се зајакнати во земјите кои после „арапската пролет“ се здобија со поголема слобода.