Марин: Бевме наивни, мора што побрзо да се ослободиме од руските фосилни горива

Од:

„Мораме да признаеме дека усвоивме премногу наивен пристап кон Русија и ги базиравме нашите очекувања за нејзиното функционирање на погрешни основи“, рече Марин во своето обраќање пред претставниците во Европскиот парламент.

„Требаше да ги слушаме нашите полски и балтички пријатели, кои живееја под советска власт“, ​​додаде социјалдемократската премиерка на Финска.

Полска, Литванија, Летонија и Естонија беа најстрогите критичари на европското потпирање на руските фосилни горива и лансирањето на гасоводот Северен тек 2, за разлика од Германија, која значително ја зголеми зависноста од рускиот гас во последните десет години. Марин посочи и дека руската политика на користење на енергијата како оружје за уцена на Европската унија е „краткогледно“.

„Поради постоечката енергетска криза, ќе се ослободиме од зависноста од руските фосилни горива побрзо отколку што мислевме. Русија ја уништува својата економија и иднина. Ние повеќе не ѝ веруваме на Русија. Дури и ако војната заврши денес, нашата доверба нема да се врати долго време“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Жестоки битки за важен град кај Донецк. „Се потешко е, Русите напаѓаат од сите страни“

Русите напредуваат во близина на важен град

Грците го прекинаа транспортот на руска нафта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Војна со дронови: Украина и Русија се напаѓаат со беспилотни летала

Финска: Нема разговори со Русија

„Ни требаат три важни победи“