Малколм Тарнбул: Јас сум најсреќниот премиер на Австралија

Од:

Австралискиот премиер Малколм Тарнбул се прогласи себе си за „најсреќниот премиер“ во историјата на земјата.

– Сигурен сум дека имало и подобри премиери, но немало некој толку среќен, како мене, изјави Тарнбул во интервју за една радио станица од Мелбурн.

Откако е на функцијата, од пред една година, по сменувањето на неговиот претходник Тони Абот со партиски пуч, рејтинг на Тарнбул бележи постојано опаѓање.

На предвремените избори, ова лето, тој усепа да остане на функцијата, обезбедувајќи минимална предност, но неговата Либерална партија загуби 12 пратенички места и уште тројца сенатори.

Премиерот, сепак, вели дека се е во најдобар ред и дека работите на Австралија и одат добро.
– Целиот живот ме критикуваат, но јас сум исполнет со радост, затоа што сум определен да бидам подобар, порача „среќниот“ австралиски премиер.

Политичките аналитичари го обвинуваат за нерешителност околу низа прашања и за неуспех да ја неутрализира тврдата десница во неговата партија.

Подржувачите се надеваат дека тој ќе заземе посмела и поцврста позиција за истополовите бракови, за климатските промени и за центрите за бегалци надвор од австралиската територија.

Лидерот на опозицијата Бил Шортен го критикувше настапот на премиерот и фалењето дека е најсреќниот на таа функција, оценувајќи дека Тарнбул е „големо разочарување за државата“.
Премиерот, меѓутоа, во интервјуто за радиостаницата рече дека сака да управува со земјата и дека ужива во функцијата што ја има.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он