Малезија покрена обвинение против две жени за убиство на Ким Џонг-нам

Од:

Малезија покрена денеска обвинение против две жени за убиство во Куала Лумпур на Ким Џонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ум.

Дваесет и пет годишната Индонезијка, Сити Ајшах и 28-годишната Виетнамка Доан Ти Хуон беа обвинети за убиство на Ким на 13 февруари на аеродромот во Куала Лумпур, извршено со моќниот невроагенс, Ве-Икс.

Двете осомничени пристигнаа во судот со лисици и со полициска придружа. Доколку бидат прогласени за виновни, тие ќе бидат осудени на смрт со бесење.

Сослушувањето пред судот, кој се наоѓа во предградие на Куала Лумпур траеше помалку од 20 минути.

Стотина тешко вооружени полицајци со маски ги обезбедуваат влезовите. За неколку месеци ќе почне судскиот процес против обвинените.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета