Малезија ќе го предаде телото на Ким Џонг-нам на Северна Кореја

Од:

Малезискиот премиер Наџиб Разак соопшти дека властите на Малезија ќе и го предадат на Северна Кореја телото на убиениот полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам.

Според Разак, договор за тоа е постигнат по долги преговори меѓу двете земји.

Со договорот, севернокорејските власти ќе им дозволат на деветмината Малезијци кои досега не можеа да заминат од Пјонгјанг, да ја напуштат Северна Кореја. Во исто време, Севернокорејците на кои им беше блокиран излезот од Малезија, сега ќе може да заминат од земјата.

Ким Џонг-нам (46) беше убиен минатиот месец на аеродромот во Куала Лумпур, откако во лицето беше испрскан со нервен гас.

Малезиската полиција за убиството на Ким Џонг-нам ги сомничи властите во Пјонгјанг, затоа што убиениот, кој живееше во доборволен егзил во Макао, беше критичар на ситуацијата и на политиката во Северна Кореја, но сепак без амбиции да направи повеќе од тоа.

Полицијата за убиството обвини две жени – Виетнамка и Индонезијка. Тие се бранат дека не знаеле за што станува збор и мислеле дека учествуваат во телевизиско шоу за скриена камера.

Властите во Малезија, подоцна побараа од Амбасадата на Северна Кореја во Куала Лумпур да им предадат на сослушување четворица осомничени Севернокорејци, но барењето беше одбиено, поради што им беше забранет излез од земјата.

Веднаш потоа, властите во Пјонгјанг им забранија на деветмина Малезијци да заминат од Северна Кореја, по што уследи „замрзнување“ на односоте меѓу двете земји и до повлекување на амбасадорите..

За четворицата осомничени Севернокорејци е распишана потерница преку Интерпол.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета