Малезија ќе го поништи безвизниот режим за Севернокорејци на своја територија

Од:

Малезија ќе го поништи безвизниот влез за Севернокорејци на своја територија од 6 март, соопшти државната агенција Бернама, цитирајќи го вицепремиерот Ахмад Захид Хамиди.

Од Севернокорејците ќе се бара да обезбедат виза пред влегување во Малезија од безбедносни причини, изјави Хамиди.

Одлуката доаѓа две недели по убиството на братот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун – Ким Џонг-нам на аеродромот во Куала Лумпур со невротоксична материја.

Јужна Кореја и САД оценија дека тој е убиен од агенти на севернокорејскиот режим.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета