Малезија испраќа во зоната на спасувачки операции за исчезнатиот патнички авион на „Ер Азија“ три воени бродови, соопшти министерот за одбрана Хишамудин Гусеин, јави ТАСС.
Кон регионот на Јаванското Море, каде се претпоставува дека паднал авионот, ќе се упати и малезискиот воено-транспортен авион „Херкулес“, истакна тој.
Малезискиот министер за одбрана разговарал за спасувачката операција и со сингапурскиот колега Не Јан Јан. Сингапур веќе испрати во авион „Херкулес“ во регионот на исчезнатиот авион. Освен тоа, Сингапур предложил да се вклучи и со неколку бродови.
Претставник на индонезиското министерство за транспорт сепак објави дека засега земјата трага само по авионот „Ербас“ на “Ер Азија“.
Помош во потрагата по авионот најавија и САД. Американскиот Стејт департмент соопшти дека земјата е подготвена да укаже секаква помош, што може да биде корисна.