Малезија го протера амбасадорот на Северна Кореја

Од:

Малезија соопшти дека за персона нон грата го прогласила амбасадорот на Северна Кореја во земјата и дека му дала рок од 48 часа да си замине, пренесоа светските агенции.

Овој дипломатски чекор беше преземен приближно три недели откако Ким Џонг-нам, полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг- ун, беше убиен на аеродромот во Куала Лумпур во напад со невротоксичен материјал.

Американски и јужнокорејски претставници изјавија дека Ким Џонг-нам бил убиен од агенти на севернокорејскиот режим.

Кан Чол, амбасадорот на Северна Кореја во Малезија, изјави дека неговата земја не може да му верува на начинот на кој малезиските власти ја водат истрагата за смртта на Ким Џонг-нам. Тој, исто така, ја обвини Малезија дека шурува со надворешни сили, премолчено упатувајќи на Јужна Кореја.

Малезискиот шеф на дипломатијата, Анифа бин Хаџи Аман, изјави дека Малезија побарала извинување од амбасадорот за неговите зборови, но дека тој тоа не го сторил.

-Малезија решително ќе реагира на секоја навреда, направена против неа, или на секој обид за нарушување на нејзината репутација, се наведува во изјавата на министерот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета