Макрон: Западен Балкан да се вгради во Европа

Од:

Во момент кога во Хелсинки шефовите на дипломатиите од ЕУ со партнерите од Западен Балкан два дена ќе ја разгледуваат „регионалната соработка, францускиот претседател Емануел Макрон од француската дипломатија побара да поработи на „повторното вградување на Западен Балкан во географијата на Европа“.

-Да се има европска стратегија, значи да се имаат на ум границите на Европа, нагласи вчера Макрон на својот годишен собир со француските амбасадори низ светот, пренесе денеска Елисејската палата.

Макрон пред амбасадорите подвлече дека „во светот што стратегиски и геополитички се менува“, Франција во рамки на вропските граници мора повторно да се ангажира со нашите соседи и земјите кои длабоко не сакаат, за да не им препуштиме на неевропските сили да делуваат место нас.

Во спротивно, нагласи францускиот претседател „место нас ќе одлучуваат САД, Русија и Турција“ и додаде дека „ и Германците тука имаат свои замисли, а морам да признаам поделотворни и повеќе стратешки од нашите“.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина