Макрон: Во Договорот со Иран да се вклучат уште некои мерки

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска побара проширување на нуклеарниот договор со Иран односно вклучување на мерки за ограничување на развојот на балистички ракети и продолжување на контролата на процесот за збогатување ураниум.

– Мораме да го задржиме Договорот од 2015 година бидејќи е добар за силно надгледување на актуелната ситуација и мораме да додадеме два или три столба, посочи Макрон на маргините на Генералното собрание на Обединети нации.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека „донел одлука“ во врска со Договорот за иранската нуклеарна програма, склучен во 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили, но не соопшти детали околу неговото решение.

– Донесов одлука, одговори кусо Трамп на новинарско прашање во врска со ставот на САД кон иранскиот нуклеарен договор.

Трамп Трамп во вчерашното обраќање пред Генералното собрание на Обединети нации истакна дека нуклеарниот договор на Иран со шесте светски сили „е срам за САД“, додавајќи оти Вашингтон не може да го почитува договорот „доколку обезбедува покритие за евентуален развој на нуклеарната програма“.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски