Макрон утре ќе разговара со Путин

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон утре телефонски ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин, а денеска со шефот на украинската држава Володимир Зеленски, за цел повторно да се направи обид „за избегнување на најлошото“ во Украина, јави дописникот на МИА.

Ова го соопшти Елисејската палата, според која „неопходно е да се обиде сè, да се направи сè за да не се случи најлошото“.

Француското претседателство притоа соопшти дека постои „опасност од руска инвазија на украинска територија под контрола на владата на Киев, а не само на проруските сепаратистички територии во источна Украина“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

Песков: Постојат причини за внимателен оптимизам

Зеленски: Путин е манипулатор

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија