Макрон: Нашите сограѓани со право се грижат, војната се враќа во Европа

Од:

Нашите сограѓани со право се грижат, војната се враќа во Европа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за телевизијата ЛЦИ.

Тој притоа додаде дека „Франција не е во војна со Русија“, јави дописникот на МИА од Париз.

Според него, „грижата на Французите мора да се претвори во акција, а не во неволја“.

„Ќе продолжиме да вршиме дипломатски притисок за да престане оваа војна. Она што сакаме е да ставиме крај на оваа војна без да станеме воинствени“, рече Макрон.

Тој смета дека украинската криза ја открива потребата од политичка, воена и енергетска независност на Европската унија.

„Ситуацијата се влошува секој ден. Луѓето умираат, заморот доаѓа… Не успеавме да постигнеме прекин на огнот“, истакна францускиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа