Макрон му вети на Зеленски лесни тенкови, оклопни возила, обука на војници…

Од:

Франција вети дека ќе испрати дополнителна воена помош за Украина, вклучително и лесни тенкови и оклопни возила и ќе обезбеди обука за војниците, јавуваат странските агенции. Ова го потврдија од Елисејската палата по тричасовните разговори меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера по Германија ја посети Франција.

Посетата на Франција е дел од „европската турнеја“ на Володимир Зеленски, чија цел е да собере дополнителна воена и финансиска помош пред долгоочекуваната украинска контраофанзива.

Кабинетот на францускиот претседател Макрон објави дека Франција ќе испрати десетици лесни тенкови и оклопни возила во Украина „во следните недели“, без да прецизира конкретни бројки. Ветени се и дополнителни системи за противвоздушна одбрана, но детали не се објавени.

Во заедничката изјава, Франција ја опиша поддршката за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина како „непоколеблива“ и вети дека ќе продолжи со политичката, економската, хуманитарната и воената помош „се додека е потребно“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Зеленски: Украина и САД денеска може да потпишат Меморандум за договор за минерали

А1он

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

(ВИДЕО) Зеленски го покани Трамп во Украина: „Дојдете да ги видите мртвите деца“