Макрон ја претстави француската енергетска стратегија: Нема затворање на нуклеарни централи, ќе се градат нови

Од:

Шефот на француската држава Емануел Макрон денеска во говорот во Белфорт ја разјасни својата визија за енергетската стратегија на Франција, со што сега се познати плановите на извршната власт за обезбедување енергетска иднина за земјата, јави дописникот на МИА.

За него градењето нуклеарни централи има за цел да постигне јаглеродна неутралност, да ја намалат енергетската зависност и да обезбедат индустриски развој на Франција. Целта на планот на извршната власт е исто така да даде видливост во следните децении.

Трошење помалку енергија во следните триесет години е првата оска што ја предложи Макрон: за да ги постигне своите климатски цели, Франција мора за триесет години да може да ја намали до 40 отсто од својата потрошувачка на енергија. Не со покажување „енергетско штедење“, туку со други средства, како што се „иновации“, декарбонизација на индустрискиот апарат, адаптација на возниот парк, развој на водородниот сектор или реновирање на сместувачките капацитети. Во наредните месеци ќе се спроведе планирање за да се утврдат јасните цели и средства за поддршка на домаќинствата и индустриите во овие промени.

Производство на многу повеќе електрична енергија за иднината. Во следните децении, за да ги замени фосилните горива, Франција „ќе мора да може да произведе до 60 отсто повеќе електрична енергија отколку денеска. А стратегијата што се обложува само на еден вид енергија е ќорсокак, смета Макрон. Затоа, владата во својата енергетска стратегија сака да потпре и на обновливите извори на енергија и на нуклеарната енергија.

Покрај соларната енергија, Макрон сака да се потпре и на офшор енергијата на ветерот. Првиот парк треба да биде отворен во наредните месеци. Според него, ќе треба да се развие и копнената ветерна енергија, но на разумен начин.

-Целта поставена за 2030 година мора да се шири со текот на времето. Енергијата произведена од копнената ветерна енергија, 18,5 Gw на крајот на 2021 година, ќе се удвои, но до 2050 година, а не до 2030 година, изјави претседателот на Франција.

Градоначалниците ќе имаат слобода да одлучат каде ќе биде дозволено инсталирање на турбини на ветер и ќе можат да имаат корист од даночните предности поврзани со овие турбини на ветер.

Макрон воедно соопшти и за две други клучни одлуки. Прво, ниту еден реактор во фаза на производство да не биде затворен во иднина, со оглед на зголемувањето на француските потреби за електрична енергија, освен поради безбедносни причини. Одлука донесена врз основа на работата на РТЕ и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). И второ, дека е продоллжен животот на сегашните нуклеарни реактори.

-Барам од ЕДФ да ги проучи условите за продолжување на сите реактори над 50 години, во соработка со Управата за нуклеарна безбедност, изјави тој.

Тој најави и лансирање на програма за нови нуклеарни реактори.

-Би сакал да се изградат шест ЕПР2 до 2050 година и да почнат студии за изградба на осум други дополнителни, изјави тој. Тоа се потенцијално вкупно 14 реактори.

Изградбата на првиот реактор ќе почне во 2028 година, а целта е да биде пуштена во употреба до 2035 година. „На оваа тема, во втората половина на 2022 година ќе се одржи широка јавна консултација“, посочи тој.

На владино ниво, ќе се создаде меѓуресорска дирекција за нова нуклеарна енергија која ќе го надгледува планот. На финансиски план, државата ќе ангажира масовен план од неколку десетици милијарди евра за целиот сектор и ЕДФ, што минува низ тежок период.

-Државата ќе ги преземе своите одговорности за финансирање на ЕДФ на краток и среден рок, увери Макрон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци