Макрон и Нетанјаху им оддадоа почит на евреите кои загинале по париските апсења во 1942 година

Од:

Франција денеска ја одбележува 75 годишнината од една од нејзините најцрни страници во историјата, најпрво рацијата, а потоа и депортацијата на евреите кон концентрационите логори на смртта.

Комеморацијата се одржа на поранешниот зимски велодром во 15-от париски арондисман во присуство на претседателот Емануел Макрон и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јави дописникот на МИА од Париз.

На местото на поранешниот зимски велодром, во присуство на израелскиот премиер Нетанјаху, Макрон со ова ја потврди одговорноста на Франција, а не само на режимот од Виши во рацијата на Вел д’Хив во 1942 година.

– Да, јас го повторувам овде, Франција е таа која ја организира рацијата „на Вел д’Хив“, а потоа и депоратцијата, значи, за речиси сите 13.152 мртви евреи изнеснеи од дома на 15 и 16 јули, рече францускиот претседател.

Во 1995 година, претседателот Жак Ширак прв пат официјално зборуваше за одговорноста на француската држава за оваа темна страна од нејзината историја.

– Ниту еден Германец не учествуваше во организацијата на оваа рацијата, додаде Макрон.

– Неодамна, тоа што ние веруваме дека е воспсотавено со авторитетот на Републиката, без пристрасна дистинкција, потврдена од сите историчари(…) беше оспорувано од страна на француски политичари за да ја уназадат вистината, потесети шефот на француската држава, без да ја наведе Марин Ле Пен, лидерката на крајно десниот Национален Фронт.

– Ќе им се дадеме голема важност ако им се одговори на овие фалсификатори. Но да не се одговори е уште полошо, тоа значи соучество, додаде тој.

Францускиот претседател исто така го спомена и убиството на Сара Халими, жена еврејка, убиена во април во Париз од својот сосед муслиман, за што во обвинението делото не е квалификувано како антисемитско, што предизвика аплаузи меѓу присутните на комеморацијата.

Францускиот претседател потоа ги наведе имињата на жртвите на антисемитските убиства и атенати последниве години во Франција. Тој притоа ги наведе и имињата на Брахим Бурам, Мароканец удавен во Сена од страна на приврзаници на крајната десница во 1995 и свештеникот Жак Хамел, кој беше убиен од џихадистите во неговата црква во Сант Етиен ди Рувре во 2016.

Бенџамин Нетанјаху е прв израелски лидер, кој учествува на оваа комеморација. Тој од своја страна ја поздарви поканата од францускиот претседател како „многу силен гест“.

– Таа сведочи за старото и длабоко пријателство меѓу Франција и Израел, рече Нетанјаху.

Двајцата државници потоа имаа прва официјална средба во Елисејската палата, по неофицијалната средба на погребната церемонија за Хелмут Кол во Стразбур во ЕП.

На средбата се разговарало за Сирија и Иран. Од француска страна се додава дека во однос на израелско-палестинскиот конфликт, Франција останува на решението за две држави и ја осудува израелската колонизација.

Неодамна, Макрон имаше средба со палестинксиот претсдател Махмуд Абас.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран