Макрон: Финализиран е договорот со Велика Британија

Од:

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека договорот со Велика Британија за излегување од Европска унија е финализиран и оти потенцијално би можел да биде договорен утре на самитот на Европскиот совет.

– Сакам да верувам дека договорот е финализиран и дека ќе го поддржиме утре, изјави Макрон на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.

Претходно, неименуван претставник на ЕУ изјави дека е во голема мера е подготвен привремен технички договор за брегзит.

Тој истакна дека се договорени еднакви услови и царини, како и согласност од Парламентот на Северна Ирска на секои четири години. Но, за сето тоа да се придвижи потребна е согласност од британската Влада.

Претходно, портпаролот на британскиот премиер изјави дека Борис Џонсон пред министрите изјавил дека постои можност за постигнување договор за нов договор за Брегзит со ЕУ, но оти се уште не е постигнат.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја