Макрон: Европа не смее да остане заложник на Брегзит

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа не смее да остане заложник на процесот за Брегзит кој е во тек.

– Европскиот проект не смее да остане заробеник на Брегзит, рече Макрон во момент кога британската премиерка Тереза Меј се бори да ги убеди пратениците во длабоко поделениот Парламент да го поддржат нејзиниот договор за Брегзит, откако на самитот на ЕУ доби уште време за повлекување на Британија од Унијата.

Европскиот совет едногласно донесе одлука повлекувањето на Велика Британија од Европската унија да се одложи за 22 мај 2019 година, стои во заклучоците на дводневниот самит на лидерите на ЕУ кој заврши синоќа во Брисел.

Продолжувањето го одобрија 27 членки на ЕУ под услов Долниот дом на британскиот Парламент следната недела да го поддржи Договорот за излез.

– Според друго сценарио, ако Договорот за повлекување следната недела не биде одобрен од страна на Долниот дом, Европскиот совет се согласува на одложување до 12 април 2019 година и очекува Велика Британија пред тој датум на Европскиот совет да му ги претстави следните чекори, изјави по самитот, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ако Франција испрати војници во Украина, директен конфликт со НАТО е неизбежен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Макрон не исклучува испраќање западни трупи во Украина

Катерина Ѓуровски

Макрон веќе не му се јавува на Путин

Макрон: Училиштата ќе бидат немилосрдни во забраната за носење муслиманскa абаja

Макрон: Да се ​​биде сојузник на САД не значи да се биде нивни вазал

(ВИДЕО) Париз како депонија: На пензиската реформа на Макрон се противат и ѓубреџиите