Мајмуни вакцинирани против корона, откако изби епидемија меѓу горили во зоолошка градина

Од:

Раководството на Зоолошката градина во американскиот град Сан Диего потврди дека девет мајмуни примиле експериментална вакцина против коронавирусот, откако пред неколку месеци изби епидемија меѓу горилите во градината.

Четирите орангутани и петте бонобо шимпанзи влегоа во историјата со примањето на по две дози од вакцината, која ја изработи фармацевтската компанија за животни Зоетис.

Меѓу животните што ја примија вакцината е и 28-годишната женка орангутан со име Карен, која во 1994 година стана првиот човеколик мајмун на кој му беше направена операција на отворено срце. Од Зоолошката соопштија дека ниту еден од мајмуните немал лоша реакција на вакцината и дека сите се добро.

Во јануари, осум горили во оваа зоолошка станаа првите примати во светот што имаа позитивен тест на коронавирусот, а тие сега закрепнуваат, соопштија од Зоолошката во Сан Диего, додавајќи дека тие не се вакцинирани, бидејќи развиле сопствени антитела за вирусот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

(ВИДЕО) Топлотен бран во Мексико: Мртви мајмуни паѓаат од дрвја

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска