Мадуро призна дека понекогаш преноќува во Музејот каде е погребан Чавес

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека понекогаш преноќува во Музејот на револуцијата каде е погребан Хуго Чавес, претходниот претседател на таа латиноамериканска држава кој почина во март.

Изјавата ја даде неочекувано во телевизиската програма Боливарски дијалози.

– Понекогаш одам таму навечер да размислам и останувам преку целата ноќ, изјави Мадуро.

Додаде дека повеќето жители на квартот знаат за тоа. Венецуелските власти го погребаа телото на Чавес во Музејот иако претходно најавуваа дека телото ќе биде бласамирано и изложено во тој Музеј.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски