Мадуро: Некои венецуелски државни компании ќе продадат дел од своите акции на берзата

Од:

Некои венецуелски државни компании ќе продада т мал дел од своите акции на локалната берза, изјави претседателот Николас Мадуро.

Мадуро, цитиран од британските медиуми, појасни дека ова е начин да се добијат финансиски средства и да продолжат со нивните активности.

Од минатата година Мадуро презема чекори спротивни на социјалистичкиот економски модел на неговиот претходник Уго Чавез. Управувањето со 13 државни прехранбени компании го предаде на трети лица во замена за финансиски средства.

-Од следната недела владата на берзата ќе понуди меѓу пет и 10 отсто од неодреден број државни компании, изјави Мадуро на државната телевизија.

„Потребен ни е капитал за да ги развиеме јавните претпријатија“, додаде тој, нагласувајќи дека се очекуваат инвестиции и во телекомуникациските компании, како и во компаниите од секторите челик и нафта и гас.

Мешутоа, енергетскиот гигант „Petroleos de Venezuela“ нема да се најде меѓу компаниите кои ќе котираат на берзата.

Британските медиуми потсетуваат дека некои од компаниите што ги спомена Мадуро, вклучително и телекомуникациските компании, беа национализирани од венецуелската влада пред 15 години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски