Мадуро го отфрли ултиматумот за распишување претседателски избори

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го отфрли ултиматумот на повеќе европски земји за распишување претседателски избори.

Мадуро за шпанската телевизија Секста рече дека нема да покаже „кукавичлук пред притисок“ од оние кои бараат тој да си замине и го поддржуваат Хуан Гуаидо.

Ултиматумот на европските земји истече синоќа.

Шест европски земји – Германија, Шпанија, Франција, Холандија, Португалија и Велика Британија поставија ултиматум за распишување нови претседателски избори во Венецуела, инаку во спротивно ќе го признаат Гуаидо за привремен претседател на земјата, додека тој самиот не распише избори.

Мадуро, кој има поддршка од Русија, Кина, Северна Кореја, Турција и Куба, претходно изјави дека е подготвен на предвремени парламентарни избори, исклучувајќи можност за претседателски.

Би можело да ве интересира

Венецуела: Уапсен активист за наводна вмешаност во обид за атентат врз Мадуро

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател