Мадуро ги нарече опозициските политичари како „наследници на Хитлер“

Од:

Вршителот на должност претседател на Венецуела Николас Мадуро кој се кандидира за претседател, ги нарече опозиционерите „наследници на Хитлер“.

Во говор во државата Баринас, тој рече дека „наследници на Хитлер водат во Венецуела кампања против народот на Куба“ и нивните ангажирања ги спореди со „кампањата против евреите во Германија за време на Хитлер“.

Во Венецуела работат повеќе од 30.000 кубански лекари и медицински сестри кои даваат помош за најсиромашните слоеви од населението. Во замена, за Куба секојдневно се доставуваат по 100 илјади барели венецуелска нафта.

Мадуро вети дека кубанските лекари ќе останат на работа во Венецуела ако биде избран за претседател.

Опозицијата ја осудува политиката на властите за „подарување“ нафта.

Изборите за претседтаел во Венецуела се на 14 април. Противник на Мадуро на изборите е Енрике Каприлес Радонски, чии претци по линија на мајката се евреи кои побегнале од Полска за да се спасат од холокаустот.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски