Мадуро е подготвен на договор со опозицијата

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека е подготвен „да постигне договор“ со опозицијата и покрај замрзнувањето на преговорите пред три дена.

– Јас верувам во политички, социјален и економски дијалог затоа што верувам во зборот, рече Мадуро на синоќешниот митинг во Каракас, од каде ги осуди последните санкции на САД кон Венецуела.

Мадуро изрази подготвеност за „дијалог, постигнување договор, но со почитување на Венецуела“.

Пред три дена, поради новите санкции од САД, венецуелскиот претседател го откажа учеството на владината делегација во преговорите со претставниците на опозицијата во Барбадос, кои беа обид да се реши политичката криза во земјата.

Венецуела со месеци поминува низ длабока политичка криза поради борбата меѓу претседателот Николас Мадуро и лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател и е признат од околу 50 земји, вклучувајќи ги и САД.

Земјата е погодена од сериозна економска криза, дополнително влошена со американските финансиски санкции воведени во обид да го соборат Мадуро. Во Венецуела има недостиг на основните прехранбени продукти и лекови.

Би можело да ве интересира

Венецуела: Уапсен активист за наводна вмешаност во обид за атентат врз Мадуро

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател