МААЕ: Прекинат преносот на податоци од Чернобил

Од:

Прекинат е далечинскиот пренос на податоци од системите за следење на заштитните мерки инсталирани во нуклеарната централа Чернобил, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Агенцијата го разгледува статусот на системите за следење на заштитните мерки на други локации во Украина и наскоро ќе обезбеди дополнителни информации.

Заштитните мерки се однесуваат на сферата на работата на МААЕ во чии рамки се следи движењето на нуклеарен материјал.

„Во врска со статусот на оперативните нуклеарни централи на Украина, регулаторот рече дека осум од 15-те реактори во земјата работат, вклучително и два во нуклеарната централа Запорожје која од минатата недела е под контрола на руските сили, и дека персоналот на централите работи во смени. Нивоата на радијација на локациите се нормални“, се вели во соопштението на МААЕ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Руските војници кои беа во Црвената шума во зоната Чернобил во 2022 година не се живи

Горан Наумовски

МААЕ побара од Русија и Украина да ја заштитат нуклеарната централа Запорожје

Ана Ололовска

МААЕ: Резервниот далновод до нуклеарната централа Запорожје е исклучен поради гранатирање

Ана Ололовска

МААЕ не открила непријавени нуклеарни активности во Украина

Ана Ололовска

Гроси: МААЕ ќе спроведе независна проверка на руските обвинувања за „валкана бомба“

Горан Наумовски

Путин со порака до Гроси од МААЕ: Москва е „отворена за дијалог“ за нуклеарната централа во Украина

Ана Ололовска