Вработените во постројката за радиоактивен отпад во нуклеарната централа „Чернобил“, која е под контрола на Русија, не се ротирани четири дена.
Украина не може да соопшти кога ќе биде направена смена, поради борбите во градот во кој ќивеат повеќето од вработените, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Украина денеска ја информираше МААЕ дека немало ротација на техничкиот персонал во Чернобил од 21 март и дека не знае кога би можела да биде следната смена, се вели во соопштението на МААЕ.
Персоналот што сега е на должност ја замени смената, што беше во нуклеарната централа повеќе од три недели.
Извор: МИА