МААЕ изгуби контакт со контролните системи во Чернобил

Од:

Системите за следење на нуклеарниот материјал во капацитетите за складирање радиоактивен отпад во нуклеарната централа во Чернобил, која беше заземена од руските сили минатиот месец, престанаа да испраќаат податоци до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопштија ОН.

„Главниот директор …. рече дека е изгубен далечинскиот пренос на податоци од безбедносниот систем во Чернобил“, соопшти МААЕ.

МААЕ, меѓу другото, ја следи безбедноста на нуклеарниот материјал.

Нападот на Русија врз Украина, што почна на 24 февруари, го предизвика гневот на меѓународната заедница, а Европската унија, Велика Британија, Канада, Јапонија и САД воведоа економски санкции кон Москва.

Според Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), околу два милиона луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Руските војници кои беа во Црвената шума во зоната Чернобил во 2022 година не се живи

Горан Наумовски

МААЕ побара од Русија и Украина да ја заштитат нуклеарната централа Запорожје

Ана Ололовска

МААЕ: Резервниот далновод до нуклеарната централа Запорожје е исклучен поради гранатирање

Ана Ололовска

МААЕ не открила непријавени нуклеарни активности во Украина

Ана Ололовска

Гроси: МААЕ ќе спроведе независна проверка на руските обвинувања за „валкана бомба“

Горан Наумовски

Путин со порака до Гроси од МААЕ: Москва е „отворена за дијалог“ за нуклеарната централа во Украина

Ана Ололовска