МААЕ: Иран во општи црти се придржува кон нуклеарниот договор

Од:

Иран во општи црти се придржува кон договорот за ограничување на нуклеарната програма на земјата, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во својот прв извештај по постигнувањето на договорот меѓу Техеран и светските сили.

Активностите за збогатување на ураниум и истражувања се во рамки на објавените од Иран нивоа, соопшти МААЕ. Извештајот ги покрива нуклеарните активности, извршени пред случувањето на договорот на 14 јули.

Агенцијата изразува резерви за воениот објект во Парчин. – Од последниот извештај во мај агенцијата продолжи да забележува на сателитските снмики присуство на возила, опрема и веројатно градежни материјали. Изгледа е направено мало проширување на веќе постоечката зграда, се наведува во извештајот на МААЕ.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел