МААЕ: Иран ги исполнува обврските за нуклеарниот договор

Од:

Иран ги исполнува своите обврски според меѓународниот договор за неговата нуклеарна програма, а инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не наидуваат на проблеми при нивните инспекции, изјави денеска генералниот директор на МААЕ Јукија Амано.

– МААЕ може да каже дека ангажманите од тој вид, во врска со нуклеарната програма, се исполнуваат, рече Амано на прес-конференција во Абу Даби.

Тој вчера беше во посета на Иран, каде имаше средба со претседателот Хасан Рохани и други претставници на власта.

– Побарав Иран целосно да ги спроведе обврските околу нуклеарната програма. Тоа беше главниот акцент на средбата во Иран. Што се однесува до активностите на нашите инспектори, тие си ги извршуваат обврските без проблем, рече Амано.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски