МААЕ го поздрави важниот напредок во истрагата за иранската нуклеарна програма

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти денеска дека остварила важен напредок во истрагата во однос на утврдување дали Иран во минатото се обидувал да развива воена нуклеарна програма.

– Направен е значителен напредок, изјави директорот на МААЕ Јукио Амано, еден ден по посетата на Иран, каде ја посети воената база Парчин.

МААЕ и големите сили се обидуваат да ја расветлат можната воена димензија на иранската нуклеарна програма до 2003 година. Техеран и натаму негира дека неговата нуклеарна програма има воени цели.

МААЕ на 15 декември би требала да изработи извештај, што е фаза за можното укинување на меѓународните санкции против Иран, предвидено со нуклеарната спогодба од Виена.

– Меѓутоа останува многу работа пред да може да се заклучи истрагата, нагласи Амано.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел