Лула да Силва : Нема да има „пуч“ против Дилма Русеф

Од:

Поранешниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека нема да има „пуч“ против актуелната претседателска Дилма Русеф, мислејќи на постапката за импичмент, што треба да се спроведе во Конгресот.

Изјавата на Лула доаѓа по емотивното излагање на Русеф, пред поголема група бразилски адвокати и правници, сите блиски до владеачката Работничка Партија, во која таа ја означи постапката за импичмент (за сменување)  како „пуч„.

Постапката за утврдување на одговорноста на претседателката и за нејзино отповикување (импичмент) беше одобрена од спикерот на Долниот дом на бразилскиот Конгрес ,уште во декември минатата година.

Опозицијата  ја обвинува Русеф дека манипулирала со владините сметки, за да го сокрие од јавноста растечкиот дефицит.

Таа тврди дека не сторила ништо што е спротивно  со пропсите, па ја обвини десно-центристичката опозиција  дека сака да ја смени од функцијата со „пуч„ и дека ја загрозува демократијата.

Русеф е поранешен ултра-левичар и како млада, припадник на една милитантна илегална левичарска организација.Во времето на воената власт во земјата, била политички затвореник, но подоцна  му се приклучила на Лула и станала функционер на Работничката Партија.

Од таа позиција, била член и на Управниот одбор на државната нафтена компанија „Петробрас„ која сега  е во центарот на најголемиот корупциски скандал во Бразил. Скандалот  безмалку две години ја потресува земјата, откако за земање поткуп и перење пари се  осомничени  голем број функционери на на компанијата, бизнисмени и функционери на владеачлата партија, меѓу кои и Лула.

Поранешниот претседател кој важи за политички ментор на Русеф,  кусо време беше притворен за да биде сослушуван за обвинувањето за перење пари, па актуелниот шеф на државата одлучи да го внесе Лула во владата, за да неговиот случај не биде и натаму во надлежност на федералните судии, туку на Врховниот суд.

Според бразилскиот Устав, за случаи како овој, минстрите и членовите на владата спаѓаат во надлежност на Врховниот суд, чии постапки се позбавани од оние на редовните судови.

Внесувањето на Лула во владата беше блокирано од  судија на Врховниот суд, па засега е неизвесно дали Лула ќе може да остане во владиниот кабинет, но тој и Русеф со последните постапки уште повеќе ја распалија политичката криза во Бразил, особено откако Лула најави дека сака одново да се кандидира за претседател, за изборите во 2018 година.

Бразилските медиум тврдат дека одлуката на Русеф да го внесе Лула во владата не била само за да му ги олесни работите околу обвинувањето на кое е изложен, туку и за да може да и помогне во Конгресот, да нема импичмент против претседателката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил