Огромната зграда на еден од најлуксузните хотели во Дубаи, во која изби пожар во новогодишната ноќ, утрово се уште е во пламен, повеќе од 12 часа откако се запали.
Властите во Дубаи соопштија дека најмалку 14 луѓе се повредени додека еден човек имал срцев удар по вдишување чад и турканица за време на евакуацијата.
Пожарот во 63-катниот хотел „Адрес даунтаун“ изби синоќа околу 21.30 часот, а пожарникарите денеска воглавно од земја надгледуваат како горат горните катови, бидејќи не можат да допрат до нив со црева со вода од противпожарни возила.
Новата година и покрај пожарот во Дубаи е прославена како што беше планирано – со раскошен огномет од блиската „Бурџ Калифа“, највисока зграда во светот пред која имаше стотина илјади луѓе.