Луксембуржани масовно гласаа против правото на глас за странците

Од:

Луксембуржани со големо мнозинство ги отфрлија, на вчерашниот реферндум, трите предлози за реформи.

Првото прашање беше признавање на правото да гласаат на општите парламентарни избори за странците кои живеат повеќе од десет години во Големото Војводство и веќе учествувале во гласањето за општинските или европските избори. Второто се однесуваше за признавање на правото на глас на возраст од 16 – наместо 18 години во моментов. Третото прашање се однесуваше за можно ограничување до десет години максимум за министерските мандати, со оглед на тоа поранешниот премиер Жан-Клод Јункер беше премиер деветнаесет години, јавува дописникот на МИА.

Гласачите кои излегоа на гласање во 105 општини во земјата (гласањето е задолжително во Луксембург) со големо мнозинство не гласаше против трите прашања: за правото на глас за странците позитивно одговорија само 21,98%, 19,13 % за гласање на младите и 30.07% за временско ограничување на министерската функција.

И покрај тоа што трите партии во неговата коалиција (Либерално, социјалистичка и еколозите), со поддршка на радикалната левица јасно повикаа на позитивен одговор на трите предлози, премиерот беше внимателен да истакне дека без оглед на резултат нема да биде погоден. “Тоа нема да биде гласање против мене”, укажа либералот Ксавиер Бетел, кој ја врши ова функција од декември 2013 година Според него, преку овој консултативен референдум, требаше да им се даде збор на гласачите за важните прашања, бидејќи некои од нив требаше да доведат до промена на Уставот . Во неделата вечер, сепак, дел од опозицијата побара оставка од шефот на владата.

Премиерот на Луксемург сака да го направи на Големото Војводство “модерна земја и призната како такви”, но очигледно тој се соочи со противење од мнозинството на населението. Мнозинството од населението верува (56%), според една неодамнешна анкета дека луксемуржаните и странците” не живеат вистински заедно “, имено странците претставуваат 46% од населението на ова земја.

Ако странците вчера добија право на глас, 35.000 од нив ќе можеа да учествуваат во идните избори. Во Луксембург живеат уште околу 258.000 странци на возраст под 18 години и право на глас, од вкупнотонаселение од околу 550 000.

Би можело да ве интересира

Во оваа земја во Европа луѓето работат најмалку, најмногу уживаат и најдолго живеат: Ја нарекуваат „рај на земјата“

Жителите на најбогатата земја во Европа три години имаат бесплатен јавен превоз

По Малта и Луксембург ќе ја легализира марихуаната

А1он

Луксембург загрижен за ситуацијата со нуклеарната електрана Катеном во Франција

Ана Ололовска

ВИДЕО: Насилен протест во Луксембург против корона мерките

Ана Ололовска

Премиерот на Луксембург обвинет за плагијат призна дека „требало да постапи поинаку“

Ана Ололовска