Лукашенко: Извршителите на нападот во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави денеска дека извршителите на нападот во концертната сала во близина на Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија, додека Москва објави дека се обиделе да стигнат до Украина.

– Тие не можеа да влезат во Белорусија, па ја смениле рутата – изјави Лукашенко.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека нападот го извршиле радикални исламисти, тврдејќи дека тие се обиделе да побегнат во Украина.

„Важно е да се одговори на прашањето зошто терористите се обидоа да заминат во Украина по злосторството? Кој ги чекаше таму?“, рече рускиот претседател, додека Киев негира каква било вмешаност во нападот.

Во нападот на концертната сала во петокот вечерта загинаа 139 лица. Одговорноста ја презеде Исламската држава.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир

Белорускиот претседател го потпиша законот со кој доби доживотен имунитет од кривично гонење

Лукашенко: Украина и Русија се во ќор-сокак, никој не може да ја зајакне позицијата

Катерина Ѓуровски

Лукашенко: И наредив на владата да ги обнови контактите со Полска