Белорускиот претседател го потпиша законот со кој доби доживотен имунитет од кривично гонење

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска потпиша нов закон со кој му се дава доживотен имунитет од кривично гонење и значително ги заострува условите за претседателските кандидати, спречувајќи ги опозициските лидери кои живеат во странство да се кандидираат на идните претседателски избори.

Според ново усвоениот закон, право да се кандидираат на претседателските избори имаат само државјаните на Белорусија кои имаат постојан престој во земјата најмалку 20 години и никогаш немале дозвола за престој во друга земја.

Дополнително, текстот на законот предвидува дека Лукашенко, доколку ја напушти власта, „не може да одговара за дејствијата направени во врска со извршувањето на неговите претседателски овластувања“, но и дека на претседателот и на членовите на неговото семејство ќе им се обезбеди доживотно државна заштита, медицинска нега, животно и здравствено осигурување.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир

Лукашенко: Извршителите на нападот во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија

Лукашенко: Украина и Русија се во ќор-сокак, никој не може да ја зајакне позицијата

Катерина Ѓуровски

Лукашенко: И наредив на владата да ги обнови контактите со Полска