Лукашенко: Белорусија е спремна за војна ако Западот ја нападне Русија

Од:

Белорусија ќе влезе во војна доколку западните земји покажат агресија кон Русија, изјави претседателот Александар Лукашенко во интервју за руските медиуми.

– Ако некој покаже агресија против Русија преку Белорусија или покрај неа, ние веднаш би ја бранеле Русија, цитираше ТАСС дел од изјавата на Лукашенко.

Тој рече дека неговата земја ја засилила безбедноста на своите граници во сите правци, освен на границата со Русија.

Претходно, Лукашенко му нареди на Министерството за одбрана внимателно да го следи движењето на трупите на НАТО во Полска и Литванија и да ги распореди војниците долж западната граница во целосна борбена готовност поради напнатата ситуација во регионот.

Лукашенко го опиша како „глупост“ барањето земјата да ја напушти Организацијата на Договорот за колективна безбедност и да се приклучи на НАТО, бидејќи според него, таквите активности ќе ја претворат Белорусија во сцена на воени дејствија.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија