Лорд Хил: Би бил навистина луд да не ја прифатам функцијата еврокомесар

Од:

Британскиот кандидат за еврокомесар, Лорд Хил изјави денеска дека би било лудо од него да не ја прифати оваа функција.

Во првата јавна реакција по назначувањето, Хил ги отфрли како неточни критиките во британската политичка јавност,дека е „неподготвен регрут“ за функацијата што му ја намени премиерот Дејвид Камерон, со обемната реконструкција на владиниот состав, од редовите на конзервативците.

Хил досега беше член на владата, како лидер во Горниот дом на британскиот Парламент.

Во изјавите што ги даваше пред реконструкцијата, тој тврдеше дека не ја сака функцијата еврокомесар и ја осудуваше ЕУ дека не е доволно демократска.

Во разговор за Би-Би-Си, Лорд Хил сега вели дека сака да работи во Брисел како комесар во Европската Комисија и дека би можел да има „значајна улога“ во историјата на односите меѓу ЕУ и Велика Британија.

Хил останува на тврдењето дека Унијата мора да биде подемократска и да направи повеќе за отворање нови работни места, со што би се обезбедило и побрзото економско опоравување.

Претседателот на европскиот Парламент, Мартин Шулц изјави дека „не би требало да се прифати кандидатурата на Хил“ за еврокомесар, затоа што според мислењето на овој германски политичар, Британецот е „премногу голем евроскептик“.

Подоцна Шулц ја измени својата изјава, а Хил на тоа реагираше, демантирајќи ги ваквите обвинувања за него во Брисел и Стразбур.

– Не сум евроскептик, туку само сакам ЕУ да биде посилна, рече Лорд Хил.

Изјавите на британскиот кандидат за место во европската „влада“ доаѓа по синоќешната „тврда средба“ на Дејвид Камерон со новиот претседател на ЕК, Жан Клод Јункер, што се оддржа на барање на британскиот премиер.

На средбата, одржана по Самитот на ЕУ, посветен во барањето консензус околу изборот на наследници за Кетрин Ештон и Херман Ван Ромпуј, премиерот Камерон барал на Лорд Хил да му се додели некој од влијателните сектори во економијата и бизнисот.

На разговорот станало збор и за британските гледања за тоа како треба да се реформира ЕУ.

Камерон претходно покрена силна кампања против изборот на Јункер, за кого тврдеше дека е „федералист“ и ветеран на европската политика кој не може да ги направи реформите што и се неопходни на Унијата, но остана осамен во своето спротивставување.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија