Лорд Хезелтајн: Кризата на британската Влада е од „траумите од Брегзит“

Од:

Поранешниот британски заменик премиер и актуелен член на Горниот дом на Парламентот во Вестминстер, лорд Хезелтајн изјави дека актуелната криза во Владата на премиерката Тереза Меј е последица на решението на Велика Британија да ја напушти ЕУ, како и на „траумите поради Брегзит“.

Хезелтајн, кој беше дел од конзервативната Влада на Маргарет Тачер, смета дека во вакви услови во кои се наоѓа сегашната влада, не се овозможува нејзино стабилно функционирање.

Неговата изјава доаѓа по признанието на Меј дека постојат несогласувања и поделби меѓу министрите околу Брегзит и нејзината закана дека ќе почне со дисциплинирање на „непослушните“ министри, а посебно на оние кои овозможуваат во јавноста да се појават приватни разговори и мислење за работите околу напуштањето на ЕУ.

На еден затворен состанок на министрите и пратениците од Конзервативната партија, Меј побарала смирување и единство.

Ториевските пратеници и порачале на Меј дека не треба да чека со употребата на остри мерки кон сите министри кои дејствуваат против британските интереси кога станува збор за Брегзит и идните односи со ЕУ и дека тие и даваат целосната поддрша за ваквите мерки.

Лорд Хезелтајн, меѓутоа, не верува дека апелот на Меј ќе дојде до оние до кого е упатен.

Тој смета дека Меј е во подредена положба по неуспехот на предвремените парламентарни избори од 8 јуни на кои конзервативците го загубија мнозинството во Парламентот.

Хезелтајн верува дека актуелната премиерка не може да го издржи до крај мандатот, па предвидува дека таа и нејзнината малцинска Влада ќе бидат соборени во следните две години, а можеби уште пред излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Мајкл Хезелтајн познат во британсата политичка јавност како „човекот кој ја собори од власт Тачер“, организирајќи партиски пуч против дотогашната „челична леди“.

Иако се очекуваше тој да ја наследи во Даунинг стрит 10, по смената на Тачер за лидер на партијата и за нов премиер беше избран Џон Мејџор.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници