„Лојдс осигурување“ создава фирма во Брисел за по Брегзит

Од:

Британската осигурителна компанија „Лојдс Осигурување“ соопшти денеска дека ќе формира своја нова, дополнителна фирма, во Брисел, за да се спречи губењето на бизнисот откако Велика Британија ќе се повлече од ЕУ.

Планирано е новата фирма во Брисел да почне да работи од 1 јануари 2019 година, кога се верува дека Британија ќе ги заврши преговорите со Унијата и целосно ќе се повлече од ЕУ.

Според претставник на „Лојдс„ бизнисот на „континентот„ учествува со 11 отсто во вкупните осигурителни премии, па затоа компанијата е многу заинтересирана да остане на тој пазар, преку префрлање на работите во идната бриселска фирма.

„Лојдс„ е една од најстарите британски институции која 329 години постојано дејствува на пазарот и важи за водечка светска фирма во осигурувањето и реосигурувањето.

Ваквата одлука е донесена поради британската одлука да се напушти ЕУ и „Лојдс“ не е единствената која размислува како да се однесува во иднина.

Низа други финансиски компании од порано најавија дека сакаат или дека размислуваат да префрлат дел од својот бизнис во ЕУ, а тоа пред се, се однесува на Бенк оф Америка, Барклис и Морган Стенли.

Овие три угледни и големи светски банки размислуваат по Брегизт да се префрлат во главниот град на Ирска, Даблин.

Три други европски градови- Франкфурт, Мадрид и Амстердам, можат исто така да имаат бенифиции од британското напуштање на Унијата.

Банката ХСБЦ со седиште во Лондон, најави дека ќе префрли голем број свои вработени од британскиот главен град, во Париз.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски