Лидингтон: Иванов да ја смени одлуката за помилување

Од:

Британскиот министер за Европа Дејвид Лидингтон го повика Ѓорге Иванов да ја промени одлуката за аболиција и амнестија.

– Одлуката на претседателот од 12 април, да ги помилува лицата за кои во моментов се водат истраги за злоупотреби е исклучително загрижувачка. Оваа одлука ги заштитува официјалните лица и поранешни министри обвинети за корупција и оневозможува правдата да стигне до граѓаните на Македонија, се наведува во писмената изјава на Лидинготн, што до медиумите ја испрати Британската амбасада во Македонија.

Според британскиот министер за Европа, наводите во прислушуваните материјали од минатата година отворија многу прашања за владеењето на правото и веродостојноста на изборите.
– Овие наводи мора целосно да се истражат низ соодветен правен процес, за Македонија да изнајде одржливо решение за актуелната политичка криза. Го повикувам претседателот на Македонија да најде начин за промена на одлуката, посочува Лидинготн.

Македонија, потсетува тој, треба да има избори на 5 јуни.

– Сериозно сме загрижени за степенот на подготвеност за предвремените избори, недоволно пречистен избирачки список, без напредок во медиумските реформи и пријави за заплашување. Се надеваме дека какви било јавни протести ќе се одвиваат без насилство, вели британскиот министер.

Лидинготн, како што наведува, разговарал со претседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на 13 април за јасно да ја истакне нивната загриженост и повик за дејствување.

Би можело да ве интересира

Серијата апсења низ Англија, тројца мажи се обвинети за шпионажа

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски