Лидерот на талибанците, наводно, наскоро ќе се појави во јавност

Од:

Врховниот лидер на талибанците Хибатулах Ахунџада, кој никогаш не се појавил во јавност, е во авганистанскиот град Кандахар.

– Тој е присутен во Кандахар. Тој живее таму од самиот почеток, изјави портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид.

– Тој наскоро ќе се појави во јавност, додаде заменик-портпаролот Билал Карими.

Ахунџада е врховен водач на талибанците од 2016 година. Сè уште малку се знае за секојдневната улога на Ахунџада, а неговиот јавен профил во голема мера се сведува на објавување годишни соопштенија за време на исламски празници. Тој сè уште не дал никакви изјави откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан во средината на август. Талибанците обично го држат својот лидер во сенка.

Основачот на групата мула Мохамед Омар, ретко патуваше во Кабул кога групата беше на власт во 1990-те години. Наместо тоа, Омар остана далеку, во неговата резиденција во Кандахар, не сакајќи да се сретне ниту со делегациите што беа во посета.

Кандахар е родно место на талибанското движење и епицентар на исламистичката влада на талибанците во 90-те.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Талибанците во Авганистан ги затвораат салоните за убавина

А1он

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Пакистански командоси убија 26 талибански борци и ослободија заложници

А1он

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он