Лидерот на сириската опозиција подготвен на дијалог со режимот во Дамаск, но под одредени услови

Од:

Лидерот на сириската опозиција Ахмад Муаз ал Хатиб потврди дека е подготвен да започне дијалог со режимот на Башар Асад, но под одредени услови. Хатиб остро го критикуваше молчењето на меѓународната заедница пред трагедијата на неговиот народ.

Хатиб го обнови предлогот за дијалог со режимот во Дамаск за време на тркалезната маса, на која се разгледуваше сирискиот конфликт. Дискусијата се одржа во рамки на конференцијата за безбедност, која вчера почна во Минхен.

Сирискиот опозициски лидер, меѓутоа, истакна како едно од условите за почетокот на дијалогот со режимот во него да учествуваат само луѓе, кои не ги „измачкале рацете со крв“. Тој повика за користење на сите можни средства за решавање на сириската криза.

Уште во средата Хатиб предизвика изненадување, изјавувајќи во знак на добра волја дека е подготвен на директни преговори со претставници на сирискиот режим, кои ќе се одржат во Каиро, Тунис или во Истанбул.

Предлогот, меѓутоа, беше отфрлен од дел од опозициската коалиција, меѓу која Сирискиот национален совет, нејзин составен елемент.

Повеќе западни држави, меѓутоа, ја поздравија идејата на Хатиб.

Заедно со Хатиб на тркалезната маса во Минген присуствуваше и меѓународниот пратеник за Сирија Лахдар Брахими, кој истакна дека решението на сириската криза треба да биде најдено од Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски