Лидерот на Северна Кореја лично дал наредба за тестирање на хидрогенската бомба

Од:

Тестирањето на хидрогенската бомба во Северна Кореја денеска било извршено по лична наредба на лидерот на земјата Ким-Џонг-ун, дадена на 15 декември во улога на врховен командат на вооружените сили, соопшти државната инмформативна агенција КЦТА, јави ТАСС. 

На 3 јануари тој лично ја потпишал и конечната наредба за извршување на тестирањето.

– Како резултат на денешното тестирање на водородна бомба, Северна Кореја се издигна на повисоко ниво на развој на своите нуклеарни сили, нагласи севернокорејската Влада во соопштението објавено од агенцијата.

Во соопштението се додава дека тестирањето е спроведено исклучиво како самоодранбен чин, „кој има цел заштита на суверенитет на земјата и на суштинските права на нацијата во услови на зајакнати нуклеарни закани од страна на непријателски сили на Северна Кореја, предводени од САД“.

Северна Кореја, се додава во соопштението, се смета себе за одговорна нуклеарна држава, која ќе употреби нуклеарно  оружје, само во случај на неспоредна закана за нејзиниот суверенитет.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња