Лидерот на либански Хезболах ја нарече „чудовиште“ Исламска држава

Од:

Лидерот на либанската шиитска група Хезболах, Хасан Насрала ја нарече терористичката група Исламска држава „чудовиште“ што се зголемува и кое може да биде закана за Јордан, Саудиска Арабија, Кувајт и други држави од Заливот.

Според Насрала, чија група го помага сирискиот претседател Асад, Исламска држава може лесно да врбува луѓе во други реони со крајно екстремистичка идеологија.

– Насекаде каде има следбеници на идеологијата, има и почва за Исламска држава, и таква постои во Јордан, Саудиска Арабија, Кувајт и во држави од Заливот, вели Насрала во интервју за либанскиот весник „Ал Ахбар“.

– По се изгледа дека арсеналот, можностите, бројноста и капацитетот на Исламска држава се огромни. Тоа треба да го загрижи секого, изјави тој.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад