Лидерката на опозицијата во Венецуела обвинета за учество во заговор за убиството на Мадуро

Од:

Венецуела ја обвини лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо за учество во заговор за убиство на претседателот Николас Мадуро, соопшти вчера венецуелското обвинителство.

Мачадо, која ги предводеше уличните протести против Мадуро на почетокот на годината, ги отфрли обвинувањата и ги нарече „фарса“, чија цел е да ја замолчи и да го одвлече вниманието на јавноста од растечката економска криза во Венецуела.

– Не постои кривично дела за кое можат да ме обвинат. И покрај напорите на Владата да ме згази ќе продолжам да се борам, изјави таа.

Мачадо истакна дека Владата ја обвинува бидејќи таа тврди дека во Венецуела владее диктатура.

Доколку биде прогласена за виновна таа може да добие 16 години затвор.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски