Лидерите од Г8 се согласија на „пуч“ против Асад, тврдат лондонските медиуми

Од:

Лидерите на западните земји-членки на групата Г8 на што заврши синоќа во местото во Енискилен во Северна Ирска, се согласија за потребата да биде изврши „пуч“ против сирискиот претседател Башар ал Асад, како решение за запирање на двегодишниот конфликт, тврдат денеска лондонските медиуми.

Според „Тајмс“, кој заговара и меѓународна воена интервенција, западните лидери не кријат дека подготвуваат „пуч“ во Дамаск. Весникот објаснува дека Асад би требало да биде тргнат од претседателската функција, но да останат неговите поблиски и подалечни соработници.

Тие би можеле да бидат дел од транзиционата власт и да преговараат за мир и за иднината на земјата со бунтовниците.

Проториевскиот „Дејли Меил“ оди чекор понатаму, па открива дека заговарач на една ваква идеја е британскиот премиер Дејвид Камерон, за кого вели дека е „инженер“ на пучот како решение за Сирија, додека „Сан“ истакнува оти Камерен, на крајот од дводневниот самит на Г8 го повикал „режимот во Дамаск„ да го „тргне“ од власта „тиранинот“ Асад.

Лондонските медими пишуваат дека Велика Британија и другите од Западот, се согласуваат оти во Сирија не смее да се повтори Ирак и лекцијата што таму беше научена, кога по соборувањето на режимот на Садам Хусеин, беа тргнати сите функционери од тогашниот политички и воен врв. Таквиот потег се смета дека беше причина за избувнувањето на крватата меѓуверска војна во Ирак, која во услови на уште поголемата верска и политичка поделеност во Сирија, сега би била многу потешка и подолготрајна.

Со заканата од една такава сириска разврска се настојува да се објасни „решението“ во кое би имало заговор во Дамаск за отстранување само на Асад.

Набљудувачите во Лондон ваквото единство на Западот го означуваат како дипломатска победа на Камерон кој од почетокот на сириската криза заговара смена на власта во Сирија, согласувајќи се и со воена интервенција, по углед на онаа во Либија.

Како успех за Камерон медиумите го сметаат и тоа што рускиот претседател Владимир Путин, на крајот на конференцијата, не го спомена Асад во своето елаборирње на дводневниот самит во Енискилен.

Лондонски „Индепендент“ кој е против воена интервенција и против вооружување на бунтовниците, инсостира дека не може да се зборува за победа за кого било на самитот, затоа што разликите не само што останаа, тукусега тие се ставени и на хартија, во завршното коменике.

Весникот го предупредува Западот дека не треба да се заборава оти Путин и натаму цврсто стои зад Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски