Лидерите од ЕУ бараат олеснувања од Британија за европските државјани

Од:

Лидерите од ЕУ ќе бараат од Велика Британија да им одобри постојан престој на европските државјани, кои ќе пристигнат во земјата пред 2019 година и ќе можат да останат уште пет години, пишува во предлог преговарачкиот план, кој ќе биде одобрен претстојниот викенд.

Според западните медиуми, ова е најнов обид на Брисел да изврши притисок врз британската премиерка Тереза Меј да ги гарантира правата за околу три милиони граѓани на ЕУ, кои живеат во Британија, и по излезот на земјата од Унијата.

Документот, кој е составен од девет страници, е изменет со цел да се појасни дека не постојат гаранции оти идниот договор меѓу Унијата и Британија за слободна трговија ќе и овозможат на Велика Британија пристап до финансиските служби на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ