Лидерите на Бразил, Мексико и Никарагва ја минимизираат опасноста од коронавирусот

Од:

Во момент кога лидерите на речиси сите земји во светот грчевито се борат да ја совладаат или намалат заканата од пандемијата на коронавирусот, претседателите на три латиноамерикански држави:Бразил, Мексоко и Никарагва, ја минимизираат  опасноста.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор на самиот почеток од појавата на заразата во земјата во целост ја отфрли опасноста од коронавирусот и тезата дека луѓето, заради опасноста од неоговото ширење, не смеаат да се гушкаат.

-Морате да се гушкате, изјави тој на почетокот на март, тврдејќи дека од гушкањето нема ништо да им биде.

Десет дена подоцна, Обрадор објави видео снимка на која ги гушка своите приврзаници и бакнува едно дете, за, два дена подоцна, на новинарите да им покаже две амајлии за кои кажа дека ќе го заштитат од Ковид-19, пренесе Си-Ен-Ен.

Меѓутоа, откако бројот на заразени во земјата почна да се зголемува, така Обрадор искажа малку поголема загриженост, поттикнувајќи ги луѓето да останат во своите домови и најавувајќи мерки со цел да се спречи ширењето на заразата како и помош за помалите фирми погодени од пандемијата.

Во неделата, сепак, тој со нова видео снимка се обиде да го поттикне населението и натаму да се храни во рестораните, повикувајќи ги Мексиканците да ја ограничат штетата што вирусот ќе и ја нанесе на економијата.

-Ќе продолжиме да го живееме животот нормално, рече тој.

Во Мексико досега се регистрирани 405 потврдени случаи на Ковид-19, кои во ова земја однесоа пет жртви, а експертите не се согласуваат со тврдењата на претседателот дека Мексико е подготвено за борба против здравствената криза, бидејќи бројката на тестирани лица е многу мала, заради што вистинската бројка на заразени може да е многу поголема, а во болниците нема доволно сместувачки капацитети и опрема.

Кога на 12 март беше објавена веста дека претставничката за печат на бразилскиот претседател била позитивна на тестот за коронавирус, некои луѓе во земјата добија надеж дека претседателот Жаир Болсонаро , кој претходно вирусот го нарече „преценет“,конечно посериозно ќе ја сфати ситуацијата. Меѓутоа, се излагаа, бидејќи тој во неделата  во телевизиско интервју вирусот го нарече „мал грип“.

-Луѓето наскоро ќе сфатат, кога станува збор за коронавирусот, дека се наместени, излагани, од гувернерите и голем дел од медиумите, рече тој во интервјуто, алудирајќи на вонредната состојба што ја воведоа гувернерите на Рио де Жанеиро и Сао Паоло.

Бразил има најголем број на заразени лица во Латинска Америка,  што сега изнесува 2.247, а досега 34 лица умреа.

И во Бразил забраните и ограничувањата за спречување на ширењето на коронавирусот се дел од мерките на локалните власти, додека федералните органи прават многу малку во тој правец.

На Болсонаро не му верува голем дел од населението, бидејќи секоја во вечер во 20,30 часот излегува на терасите и прозорците од своите домови и удираат во тенџериња за да го изразат своето незадоволство од потезите на власта.

Нигарагва, пак, како една од најсиромаашните земји на западната хемисфера се наоѓа во тешка позиција и кога станува збор за борбата против Ковид-19.

Во неа досега се забележни само два случаја на зараза, но во населението, незадоволно од одговорот на власта, полека се вовлекува стравот, а претседателот Даниел Ортега не е виден во јавноста со недели наназад.

Си-Ен -Ен пренесува дека место да преземе опсежни мерки власта се занимава со учество во политички маршеви, а потпретседателката на земјата, Росариа Муриљо, инаку сопруга на претседателот Ортега, ги повика сонародниците во овие тешки моменти да се свртат кон верата и Бог.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата