Мексико најави одговор на царините од САД

Од:

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека земјата ќе одговори на американското воведување царини од 25 отсто за канадскиот увоз со воведување одмазднички царини за американски стоки, без да наведе детали.

Шејнбаум рече дека точните американски производи на кои Мексико ќе воведе царини ќе бидат објавени во недела, а дека пред тоа ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп, најверојатно во четврток, пренесе АП.

– Нема никаков мотив, ниту причина, ниту оправдување што ја поддржува оваа одлука што ќе влијае на нашиот народ и нашата земја, рече Шејнбаум.

Трамп рече дека наметнува тарифи за Мексико за да ги принуди властите во земјата да ја спречат илегалната миграција и трговијата со дрога преку границата меѓу САД и Мексико, а Шејнбаум тврди дека се преземени мерки за да се спречи тоа.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ