Лидерите на Г7 објавија заедничко соопштение во кое предупредуваат дека Русија ќе се соочи со дополнителни еконимски санкции, доколку не ја промени политиката кон Украина.
Тие изразија загриженост поради акциите на Русија кои го поткопуваат „украинскиот суверенитет, територијален интегритет и независност“, пренесе „Ројтерс.
„Русија се уште има можност да избере пат за деескалација“, се наведува во соопштението на Г7 и се додава дека доколку сепак тоа не го направи, цената на нејзините акции ќе се зголеми.
Тие исто така ги повикаа сите страни да овозможат прекин на огнот на местото на падот на малезискиот патнички авион, кој што беше соборен на 17-ти јули при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.
Е. Г.