Лицемери

Од:

Шпигл – Берлин

Погледнете ги овие две вести: Германија на грчката криза заработила 100 милијарди евра и ова веројатно е најуспешна година на германската индустрија за оружје. Нивниот заеднички именител е дека Германија профитира на другите. Живееме жешко лето на нашата бескрупулозност, додека на глас ја пееме песната на профитерите: Секоја работа е добра работа. Бизнисот секогаш е само бизнис, и додека светот пропаѓа.

Институтот за економски истражувања од Хел известува: – Во последните неколку години, секогаш кога стигнуваа лоши вести за Грција, на финансиските пазари паѓаа каматите на германските државни обврзници. Заштедата на Германија од 2010 година е 100 милијарди евра. Дури и кога Грција би ја запрела отплатата на долговите, Германија ќе продолжи да заработува на грчката криза. Шојбле треба да се заблагодари на Билд, бидејќи секој негов текст против Грците го полнеше германскиот буџет. Кажано со берзански речник, ова е одлично завршена инсајдерска работа.

Слично е и со извозот на оружје, кој во првите шест месеци оваа година се приближи на вкупната минатогодишна вредност. Тенкови за Кувајт, транспортери за Алжир, подморници за Израел – се може. Останатите муштерии се Египет, Сирија, Катар, Оман, Саудиска Арабија. Нема војна или од судир погодени области без германско оружје. Министерот за стопанство Зигмар Габриел објаснува: Ограничувањето на извозот не е добро. И тој и синдикатите на металците се задоволни и без грижа на совест, а новото мото е: Во борбата за мир со германско оружје.

Нашиот претседател Гаук вели дека Германија е цврста и силна демократија и дека нејзината зголемена одговорност подразбира дека не можеме однапред да ја отфрлиме употребата на воена сила како последно средство.

Така извозот на оружје станува дел од активната мировна политика. Ангела Меркел ни објаснува дека државите кои се подготвени да се ангажираат за мир и безбедност, треба да бидат соодветно оспособени за тоа.

Германија настапува како кризен и воен профитер. Дали тоа го имаше на ум министерот за надворешни работи Штајмајер во својот познат лански говор за принципите: Во надворешната политика недостасува чувство на одговорност, правда, пристојност и тоа што политиката смее, а што не смее да си дозволи.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Грција воведува шестдневна работна недела